Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА

Калории: 396kcal
Состојки
- 3 лажици чиа
- 2 лажици овес
- 150-200 мл нискомасно кравјо или кокосово млеко
- 1 лажица мед или маџун
- екстракт од ванила
- 1 мала полна лажичка кокосови трошки
- неколку јагоди
Инструкции
- Најголемото откритие пред некоја година ми беше дека чиа пудингот нема потреба да отстои преку ноќ за да се набабри. Од тогаш ми стана и еден од поомилените брзи појадоци. Подготовката е едноставна. Во стаклен сад најпрво се додава млекото и екстрактот од ванила, па потоа чиа и се меша убаво една минутка додека не почне да кисне и расне, потоа се додава овесот и медот и повторно се меша.
- Најубавото за крај. Нароси го кокосот, па додади ги и свежите јагоди. На здравје уживање!
Исхрана
Калории: 396kcal | Јаглехидрати: 44g | Protein: 15g | Масти: 18g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Калории: 689kcal
Состојки
- 200 гр говедско чисто мелено месо
- 1/2 главица кромид рендан
- 1 јајце
- 2 големи лажици мелен овес
- прстофат сода
- 1 мало лажиче масло
- од зачини сол, бибер, зачин за скара по желба
- шопска салата
- 1 кока кола зеро
Инструкции
- Во длабок сад се мешаат сите состојки додека не се соединат. Најдобро е ако имаш време и малку да отстојат покриени со стреч фолија, да има време да набабри и овесот, но и доколку немаш е во ред. Со дланките формираме ќебапчиња. Се пржат во заграеана тава со малку масло на не многу силна температура.
- Ќебапчињата ги служиме и јадеме во комбинација со голема шопска салата, но само 30 гр фета, без леб и екстра кромид за оние кои го обожаваат! 🙂
Исхрана
Калории: 689kcal | Јаглехидрати: 23g | Protein: 54g | Масти: 42g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Калории: 721kcal
Состојки
- 200-250 гр наут од конзерва
- 1 среден компир
- 1 морков
- 1 мала главица кромид
- лукче по желба
- 1 лажица сусам
- 1 лажица сончоглед
- 1 лажиче сув зачин или сол
- За прилог: Една тиквица по вкус лук и магдонос, малку масло.
Инструкции
- Компирот и морковот се лупат и се сечат на мали коцкички и ги ставаш да се варат. Од кога ќе се сварат битно е да бидат убаво исцедени за полесно да се формира плескавичка.
- Кромидот се ренда, а лукчето на ситно се сечка или помини го низ преса.
- Сите состојки ги додаваш во длабок сад, заедно со сусамот и сончогледот. Се мешаат и се прават форми на плескавички. Рерната се загрева на 200 степени, а плескавичките се печат на мрсна хартија.
- Тиквичките се пропржуваат како гарнир од страна. Јас ги обожавам со малку балсамик, магдонос и лукче. На здравје Веге Армијо!
Исхрана
Калории: 721kcal | Јаглехидрати: 108g | Protein: 30g | Масти: 19g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Калории: 363kcal
Состојки
- 1 модар патлиџан
- 1 домат
- 60 гр моцарела
- балсамик масло, зачини
Инструкции
- Модриот патлиџан се потпекува на мрсна хартија, потоа врз него му се додаваат свежите домати и моцарела.
Исхрана
Калории: 363kcal | Јаглехидрати: 26g | Protein: 17g | Масти: 21g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!