Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

април 19, 2024

Појадок: ПРЖЕНИ ЈАЈЦА СО ПИПЕРКИ И УРДА

Калории 265 kcal

Состојки
  

  • 2 јајца
  • 1-2 зелени пиперки
  • 1 голема лажица нискомасна урда
  • домат
  • кромид по желба
  • 1 црно лепче
  • зачини по желба освен вегета

Инструкции
 

  • Омилен летен појадок! Пиперките се подзапржуваат, а потоа им се додаваат и матените јајца со зачини. Од страна во чинијата додаваш домат, урда и едно црно лепче.
  • Доколку не сакаш да си ја замирисуваш косата или облеката пред работа, пиперките можеш да ги јадеш и свежи од страна.

Исхрана

Калории: 265kcalЈаглехидрати: 21gProtein: 20gМасти: 12g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ужина: Лубеница (250-300g) со малку сиренце (30g)

Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: КРЕМ СУПА ОД ДОМАТИ

Калории 327 kcal

Состојки
  

  • 2 моркови
  • целер
  • 1 средно голем кромид
  • лукче по вкус
  • 1-2 коцка супа од зеленчук или пилешка
  • 200-250 гр свежи домати
  • свеж босилок моја препорака или други зачини по желба освен вегета
  • 350-400 гр вода густината сами ја одредуваме
  • 1 лажица грчки јогурт
  • 1 црно лепче

Инструкции
 

  • Најпрво на загреана тава со малку масло се пропржува ситно сечканиот кромид, целер, морков и лукче додека не омекнат. Веднаш потоа им се додаваат ситно сечканите и излупени домати заедно со водата и оставаш да зовријат убаво. Негде при крај ја додаваш и коцка супата, го проверуваш на вкус ако има потреба од дополнителен зачин слободно додади, но гледај да не ја користиш вегетата која има многу шеќери. Идеално би било доколку имаш рачен блендер за супата да добие кремаста структура.
  • Се сервира во комбинација со грчки јогурт и црно лепче.

Notes

ЗАМЕНСКИ РЕЦЕПТ: Чорба од леќа со салата и едно црно лепче, без запршки.

Исхрана

Калории: 327kcalЈаглехидрати: 37gProtein: 9gМасти: 16g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Вечера: ТУНА БУРГЕРЧЕ

Калории 415 kcal

Состојки
  

  • 1 туна
  • 1 јајце
  • 2 лажици мелен овес
  • 1/2 кромид рендан
  • зачини по желба
  • магдонос ситно сечкан
  • 1 лепче интегрално
  • 1 мало лажиче хумус
  • црвен кромид
  • рукола по желба

Инструкции
 

  • Во стаклен сад се става туната и се гмечи со вилушка, потоа се додава јајцето, мелениот овес, кромидот, магдоносот и зачините по желба и се формира бургерче, едно или две, битно е да ти се испржи јајцето во него.
  • На лепче мачкаме хумус или една лажичка грчки јогурт помешан со малку сенф, плескавицата, рукола и кромид. Сподели слика и пиши ни во групата како ти се допадна овој рецепет!

Исхрана

Калории: 415kcalЈаглехидрати: 28gProtein: 44gМасти: 14g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!