Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јуни 7, 2023

Појадок: ТУТИ СМУТИ

Калории: 412kcal

Состојки

  • 3 лажици овес
  • 200 мл нискомасно кравјо или растително млеко
  • 1 банана
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 мала лажичка мед доколку си голем љубител на благите појадоци
  • сезонско овошје по избор: јагоди боровинки, праска или диња

Инструкции

  • Сите состојки се блендираат и за неполни 5 минути имаш здрав, вкусен и балансиран појадок. За мене засекогаш омилено смути е во комбинација со јагоди, но не е на одмет да се пробаат и нови вкусови во кои можеби ќе се заљубиш.

Исхрана

Калории: 412kcal | Јаглехидрати: 64g | Protein: 12g | Масти: 12g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ужина: Протеинско пудингче со замрзнати малини

Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: ПАЛАЧИНКИ ОД БРОКУЛА

Калории: 455kcal

Состојки

  • 1 цвет брокула околу 100гр, обарена и исцедена
  • 1 мал кромид ситно сечкан
  • малку луто пиперче ситно сечкано по желба
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици овес
  • сол бибер, мелен лук или други зачини по желба освен вегета
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица урда од страна
  • домат салата со магдонос и кромид

Инструкции

  • Сите состојки се блендираат заедно и се пржат на претходно заграна тава со малку премачкано со четка масло палачинките од брокула. Во комбинација со голема свежа салата од домат, краставица, пиперка и црвен кромид. На здравје ручек!

Исхрана

Калории: 455kcal | Јаглехидрати: 34g | Protein: 15g | Масти: 28g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Вечера: ГРЧКА КОМПИР САЛАТА

Калории: 354kcal

Состојки

  • 250 гр компир варен или печен
  • 1 краставица
  • 1 лажица грчки јогурт
  • копар сол, бибер, масло

Инструкции

  • Компирите се варат или печат, мене ми е повкусно кога се печени, внимавај на точна грамажа, ако ги вариш се мијат со ладна вода и се истураат во сад за салата, се додава грчкиот јогурт, краставицата, копар и се меша. На здравје!

Исхрана

Калории: 354kcal | Јаглехидрати: 48g | Protein: 7g | Масти: 15g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!