Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

ноември 29, 2023

Појадок: ХУМУС ФЕТА ЛЕПЧИЊА

Калории: 255kcal

Состојки

  • 2 интегрални лепчиња
  • домат
  • 30 гр фета внимателно и прецизно со сирењето, тука лежат калориите
  • 2 мали лажици хумус
  • рукола

Инструкции

  • Уште еден брз појадок и неодоливо вкусен појадок само за Армијата. Лепчињата би било идеално ако се малку потпечени, но и не мора. Се премачкуваат со хумус, потоа се додава доматот, руколата и на крај фетата. Дефинитивно еден од моите поомилени појадоци. На здравје Армијо!

Исхрана

Калории: 255kcal | Јаглехидрати: 27g | Protein: 13g | Масти: 10g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ужина: Леден чај од Праска

Состојки

  • сок од лимон
  • две праски
  • нане
  • мраз
  • една мала лажичка мед.

Инструкции

  • Праските се сечат на коцкички и се варат во 500мл вода додека не омекнат(слободно дуплирај доза и чувај во фрижидер за цела недела).
  • Од кога ќе се сварат, оставаш водата да се олади, а на праските им се вади лушпата. Се префрла сокот во чаша, додаваш една лажичка мед, сок од лимон, мраз и малку нане.
  • Освежително, здраво и вкусна летна пијачка. На здравје!
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: МЕДЕНИ ПИЛЕШКИ РАЖНИЧИЊА

Калории: 600kcal

Состојки

  • 200 гр пилешко месо исечкано за ражничиња
  • 200 гр благ или обичен компир
  • свежа салата по избор
  • Маринада за пилешкото:
  • 1 мало лажиче мед
  • 1 мало лажиче сенф
  • лук во прав или рендан
  • ѓумбир во прав или рендан
  • чили сос или буковец по желба ако јадеш луто
  • 1 мала лажичка масло
  • сол
  • црн пипер
  • 1 лажичка вода.

Инструкции

  • За да го почувствуваш вистинскиот вкус на пилешкото, најдобро е да отстои околу 8 часа во маринадата или од вечер. Не е погрешно и ако го изумиш тоа.
  • Имаш две опции да го спремиш овој ручек. Да го испржиш пилешкото заедно со сосот па да го буцнеш на стапчиња или живо да го буцнеш и да го ставиш да се пече на мрсна хартија заедно со компирчињата. Внимавај на грамажата!

Notes

ЗАМЕНСКИ РЕЦЕПТ: Традиционална чорба од грав, без запршки со салата.

Исхрана

Калории: 600kcal | Јаглехидрати: 47g | Protein: 69g | Масти: 15g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: ВЕГЕ ОПЦИЈА - ВЕГЕ РАЖНИЧИЊА

Калории: 465kcal

Состојки

  • 150 гр тофу исечкано за ражничиња
  • 200 гр благ или обичен компир
  • 1 тиквичка
  • 1 рака печурки
  • кромид
  • пиперка
  • домат
  • оригано сол
  • свежа салата по избор

Инструкции

  • Имаш две опции да го спремиш овој ручек. Да го испржиш тофуто па да го буцнеш на стапчиња или живо да го буцнеш со сите други состојки и да го ставиш да се пече на мрсна хартија заедно со компирчињата. Внимавај на грамажата!

Notes

ЗАМЕНСКИ РЕЦЕПТ: Традиционална чорба од грав, без запршки со салата.

Исхрана

Калории: 465kcal | Јаглехидрати: 54g | Protein: 26g | Масти: 16g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Вечера: ПИЛЕШКА КЕСАДИЉА

Калории: 417kcal

Состојки

  • 1 интегрална пита тортиља
  • 100 гр пилешко ситно сечкано (веге: црн грав 80гр)
  • 40 гр моцарела ситно сечкана
  • 1 лажица пченка
  • 1 помал домат ситно сечкан
  • зачини по желба

Инструкции

  • Се пропржува пилешкото ситно сечкано/црниот грав, се додават зачините и доматите. Кога веќе е при крај пилешкото, на друга тава паралелно загреј ја питата од двете страни. Истури го сосот со пилешкото/црниот грав, додади ја моцарелата, преклопи ја кесадиљата и згмечи ја малку со шпатулата. Од кога ќе се растопи моцарелата сервирај во чинија. На здравје!

Исхрана

Калории: 417kcal | Јаглехидрати: 23g | Protein: 44g | Масти: 17g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!