Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
Појадок: БАНАНА СПЛИТ
Состојки
- 1 банана
- јагоди или било кое сезонско овошје
- 1/2 канче грчки јогурт со ниска масленост
- 1/2 мало шолче со млеко ако има потреба и ти е суво
- 1 мала лажичка мед
- 2 лажици гранола или 3 лажици овес
- малку сок од лимон по желба
- екстракт од ванила по желба
Инструкции
- Многу едноставен појадок за подготовка. Во стаклен сад ја додаваш гранолата, млекото и грчкиот јогурт претходно помешани со едно лажиче мед, малку сок од лимон и екстракт од ванила. Бананата ја сечеш на половинка, како на сликава, па и нејзе ја додаваш во стаклениот сад, а веќе на крај ги додаваш и јагодите.
- Доколку сакаш да си направиш домашен џем од јагоди, тогаш измиј ги, исецкај ги и стави ги да се пропржат заедно со некој засладувач како стевиа или слично.
Notes
ВАЖНО: Овој појадок може да се замени и со корнфлекс 4 полни големи лажици, 1 мало лажиче чиа и 250 мл нискомастен јогурт.
Ужина: Цреши (120-150g)
Ручек: ПОЛНЕТИ ТИКВИЧКИ СО МЕЛЕНО И ПЕЧУРКИ
Состојки
- 1 поголема тиквичка
- 100 гр говедско чисто мелено или мисиркино месо (мелено)
- веге: црн грав 100гр и една лажица пченка
- 100 гр свежи печурки
- 200 гр доматно пире
- 1 кромид
- лукче по вкус
- зачини по желба
- 60 гр рендана моцарела или на ситни коцкички
- краставица салата
Инструкции
- Тиквичката се сече на две исти половинки, со лажица се вдлабнува и вади средината па се посолува. Во меѓувреме се пржи кромидот, лукот и сецканите печурки, а од кога ќе се запржат се додава и меленото месо/гравот и пченката и тоа да се пропржи па му се додава доматното пире. Се пржи додека смесата малку не згусне.
- Тиквичките се полнат со сосот и се ставаат да се печат. Веќе при крај откако ќе се запечат тиквичките се додава и моцарелата и повторно го враќаме плехот со тиквичките да се допече. Се сервира со салата од краставица. На здравје!
Notes
ВЕГЕ: Протеини: 29гр / Хидрати: 51гр /Масти: 15гр / Вкупно калории: 456
СОСТОЈКИ:
СОСТОЈКИ:
Вечера: МОРКОВ И КРАСТАВИЦА САЛАТА
Состојки
- 3-4 моркови
- 1 краставица
- сусам или буковец
- балсамик сол, масло
Инструкции
- Помислив дека денес веќе си изморена од готвење, а можеби имаш и некој остаток од ручекот, па затоа за денес имаме само салата. Ако сметаш дека си гладна и ти треба повеќе храна, додади и парче стек во оброкот.