Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

Појадок: СЛАДОК ФРАНЦУСКИ ТОСТ

Калории 399 kcal

Состојки
  

  • 1 јајце
  • 30 мл растително млеко 1 шот
  • 1 банана
  • прстофат сол
  • 2 тост лепчиња интегрални
  • неколку капки ванила
  • За топинг : 1 лажица мед и пола банана 1 рака било кое шумско овошје или јагоди

Инструкции
 

  • Пола банана, јајцето, млекото, сол и ванила (опционално) се блендираат. Двете лепчиња потопи ги убаво во оваа смеса и стави ги да се пржат или на нелепливо тавче или на малку кокосово масло. Другата половина од бананата пропржи ја и искористи ја да си декорираш.

Notes

ВАЖНО: Овој појадок може да се направи и солен како обични пржени лепчиња, само извади ја банатата, топингот и екстрактот од ванила, а од страна додади домат, пиперка и една лажичка урда. Најбитно е да знаеш дека не треба да се пржат во многу масло, најдобро е да си купиш четкичка за премачкување.

Ужина: Банана

Ручек: САЛАТА СО ЛОСОС

Калории 597 kcal

Состојки
  

  • 200-250 гр лосос
  • 1/2 авокадо
  • микс зелена салата
  • домат
  • краставица
  • кромид
  • 3-4 маслинки по желба
  • лимонче

Инструкции
 

  • Вкусно и едноставно е вистинскиот збор. Баш како што изгледа и сликата. Рибата се пече, во меѓувреме ја правиш салатата. Најпрво ја зачинуваш зелената салата, а врз неа ги додаваш доматите, краставицата и кромидот. Од кога ќе се испече рибата ја додаваш од страна. На здравје ручек!

Вечера: МЕДИТЕРАНСКА КУЈНА

Калории 296 kcal

Состојки
  

  • домат
  • краставица
  • црвен кромид
  • малку рукола или спанаќ
  • маслинки по желба
  • 1 лажица хумус
  • 3 лажици булгур киноа или кус кус
  • 30 гр фета

Инструкции
 

  • Зеленчукот се сечка, булгурот се вари, а хумусот, маслинките и фетата се додаваат. Зачините по твој избор, овде ми одело добро и оригано, малку маслиново, балсамик и сол.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.