Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

ПОЈАДОК: ОМИЛЕНИОТ ОМЛЕТ

Калории 281 kcal

Состојки
  

  • 2 јајца
  • 2 лажици урда нискомаслена
  • младо кромитче
  • 2-3 маслинки
  • 1 црно лепче
  • зачини по желба

Инструкции
 

  • Ова е најбрзиот, најлесниот но и најомилен појадок на сите времиња. Наједноставно ги пржиш сматените јајца во форма на омлет , во урдата можеш ситно да насецкаш младо кромитче, да ги додадеш саканите зачини и да го превиткаш на пола.

УЖИНКА: Чоко урми

Калории 202 kcal

Инструкции
 

  • 1 Кралска урма со 1 мало лажиче путер од кикиритки и 1 коцка растопено црно чоколадо
  • – направи си поголема доза и чувај ја во замрзнувач.

РУЧЕК: ПИЛЕШКИ ПОЛЖАВИ

Калории 436 kcal

Состојки
  

  • 1 тортиља
  • 80-100 гр пилешко/40-50гр сејтан запржен со зачини
  • 30 гр моцарела или чедар
  • Лажиче маслиново масло
  • 1 лажица од нашиот мајонез -опционално
  • Лук изгмечи го до кремаста форма
  • Магдонос
  • Сол и црн пипер

Инструкции
 

  • Мешаш прво маслиновото, мајонезот, лукчето изгмечено, магданосот и зачините . Па со оваа смеса ја премачкуваш тортиљата па врз неа додај пилешкото/сејтанот претходно испечено/испржено и моцарелата. Свиткај ја тортиљата убаво и стегнато, па насечи ја на ролнички. Нареди ги во плехче на хартија за печење. Ако имаш air fryer печи на 180 максимум 8 минути, ако не , во обична рерна.

Notes

ВЕГЕ: Калории: 466kcal | Масти: 19g | Протеини: 48g | Јаглехидрати: 27g

ВЕЧЕРА: ЗАЗИКИ СО ТИКВИЧКИ

Калории 166 kcal

Состојки
  

  • 1 зелена тиквица
  • 200-250 мл нискомаслен јогурт
  • зачини можеш и таратур микс зачин, лукче во прав или свеж

Инструкции
 

  • Ова можеш да го спремиш и ден унапред, тиквицата сецкана на кругови и потпржена или потпечена на хартија, не претерувај со маслото затоа што се  е плус калории. Потоа во длабок сад редиш неколку кругови тиквица, па поливаш малку јогурт , па наросуваш зачини. Па пак ред кругови ред јогурт и гледај да завршиш со јогурт . Вака садот го ставаш во фрижидер , не си свесна каква магија од вкусови е.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.