Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

ПОЈАДОК: ФРЕНЧ ОМЛЕТ ТОСТ

Калории 384 kcal

Состојки
  

  • 2 интегрални коцка лепчиња
  • 1 јајце
  • 2 парчиња пилешки/мисиркини гради/ВЕГЕ: штом изоставаш пилешки/мисиркини гради додади + уште едно парче/лист моцарела
  • 2 парчиња/листови моцарела ја има во продажба по 6-8 листови во едно пакетче, нема да ти се расипе
  • кисели или свежи краставички

Инструкции
 

  • Знам дека ова ќе ти биде еден од најомилените појадоци од оваа програма, но отом потом. Загреј тавче за палачинки без масло, прво на најјака температура па намалуваш на средна. Измати го јајцето со една лажица вода (ако имаш рачен блендер можеш и со него за попенеста смеса). Истури ја рамномерно кајганата во тавчето и веднаш стави ги двете лепчиња да упијат малку од јајцата прво од едната па од другата страна и остави ги едно до друго да се печат. Со силиконска шпатула е најдобро доколку имаш, го превртуваш целиот омлет да се пече и од другата страна. На едно од лепчињата стви пилешки гради и моцарела , а со другото лепче го покриваш како тост. Чекам фотки и не заборавај да ја тагнеш @peacharmy.

Notes

ВЕГЕ: Калории: 381kcal | Масти: 20g | Протеини: 26g | Јаглехидрати: 25g

УЖИНКА: КОСТЕНИ

Калории 195 kcal

Инструкции
 

  • 65-80 гр варени или печени костени

PУЧЕК: БРЗА ВЕГЕ СУПА

Калории 380 kcal

Состојки
  

  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 среден компир до 120 гр.
  • малку целер опционално
  • 2 лажици црвен грав од конзерва
  • доматно пире околу 200 гр
  • една шака боранија свежа или смрзната
  • 2 лажици грашок свеж или смрзнат
  • 2 лажица пченка
  • голема зелена салата или туршија

Инструкции
 

  • Во тенџере на оган стави да се пржи кромидот, морковот и целерот. 5 минути откако омекнале кромидот и морковот Додај ги и другите зеленчуци освен пченката и грашокот, и додај 350-400 мл вода заедно со коцка супа и зачини по твој избор, како буковец, црн бибер и црвен пипер, и ловоров лист. Остави да зоврие супата па намали ја на средна температура и остави така да се крчка едно 20-тина минути додека се свари компирот. Веќе при крај додај ги и пченката и грашокот . Пред да ја сервираш може да си исцедиш пола лимон и да додадеш свеж магдонос.

ВЕЧЕРА: ФИНА САЛАТА СО ЈАЈЦЕ

Калории 202 kcal

Состојки
  

  • зелена салата марула ,ајсберг, рукола ….
  • 1 варено јајце
  • 1 краставица
  • 1-2 ротквици
  • 2 лажици варена пченка
  • младо кромитче опционално
  • 1 лажица грчки јогурт
  • зачини по желба и копар ако си љубител

Инструкции
 

  • Сервирај си ја зелената салата во длабок сад, без разлика која ја имаш во моментот дома. Чим е зелено нема утка. Врз неа фино нареди си ги јајцето, ротквиците, краставицата исецкани . Брза и фина салатка.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.