Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
ПОЈАДОК: ЈАЈЦА СЕ СЕКОГАШ ДОБРА ИДЕЈА!
Состојки
- 1 поголемо парче интегрален леб или 2 тонус
- 2 тврдо варени јајца
- 1 полна лажица грчки јогурт
- рамно мало лажиче сенф
- црн бибер сол, чили зачини опционално
Инструкции
- Тврдо сварените јајца се лупат и се сецкаат на ситно а кај нив се додава грчкиот и сенфот заедно со зачините, и се гмечи со вилушка. Мачкаш и јадеш .
УЖИНКА: ЧОКО УРМИ
Инструкции
- Протеинско пудингче или 1 кралска урма со лажиче путер од кикиритки и 1 коцка растопено чоколадо
- – направи си поголема доза и чувај ја во замрзнувач.
РУЧЕК: ЊОКИ СО МОЦАРЕЛА
Состојки
- 50 гр њоки
- 2-3 доматчиња помали или пак 5-6 шери
- 30 гр моцарела
- една полна рака спанаќ
- 2 чешниња лук
Дресинг :
- 1 лажиче маслиново масло
- една лажица балсамик
- сол бибер
- лимонов сок
Инструкции
- Стави ги прво њоките да се варат. За тоа време , на тавче и на малку маслиново потпржи го насецканото лукче и одма штом почне да менува боја додај ги кај лукчето доматите претходно исецкани на парчиња. Додај го и спанаќот исецкан, и штом почне да врие оваа смеса, намали ја на најниска температура. Во друго тавче, на лажиче маслиново масло, стави ги претходно сварените њоки малку да добијат кафеавко-златна боја. Кај доматите ја додаваш моцарелата да се растопи. Твој избор е отпосле дали њоките ќе ги ставиш во тавчето со доматите или обратно.
ВЕЧЕРА: ПАЛАЧИНКИ СО БОРОВИНКИ (2 порции)
Состојки
- 70 гр. интегрално брашно или овес мелен
- 1 лажица стевија
- лажиче пециво
- ½ лажиче цимет
- 100 мл растително млеко
- лажиче маслиново масло
- малку ванила
- 60 гр. свежи боровинки или замрзнати
- мед или друг течен засладувач
Инструкции
- Во сад измешај ги брашното, пецивото и циметот. Додај ги млекото, ванилата и маслиновото и мешај додека не стане хомогена смеса. Со лажица ставај од смесата на нелепливо тавче за палачинки на средна температура и додавај врз смесата од боровинките. Доколку, пак, немаш свежи туку замрзнати боровинки, тогаш печи ги само палачинките па декорирај ги со мед и боровинки на крај. Наздравје!