Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 20, 2024

ПОЈАДОК: НАЈЛЕСНИ ПАЛАЧИНКИ (смесата е за двајца)

Калории 217 kcal

Состојки
  

  • 5 рамни лажици хељдино брашно може и зрно хељда соменено, се мери по мелење
  • кисела вода* доколку немаш може и растително млеко количината ја одредувате сами според густината
  • 1 јајце
  • половина лажичка прашок за пециво* внимавај да не ставш повеќе може да ти горчат палачинките
  • За Топинг:
  • 1 мала лажичка мед
  • 2 големи лажици грчки јогурт 100 гр
  • 2 шаки вишни
  • цимет по желба

Инструкции
 

  • За убав неделен појадок со целата фамилија, брзи лесни и највкусни палачинки! Во длабок сад стави го брашното, па прашокот за пециво, па јајцето и киселата вода. Измешај убаво за да се соединат сите состојки и да нема грутки! Смесата треба да биде течна како за обични палачинки, доколку сакаш погуста ќе ставиш помалку вода! Палачинките пржи ги на нелепливо тавче, можеш да го премачкаш со маслиново масло или кокосово масло! Ги пржиш на најниска температура некои 3, 4 мин од едната страна додека убаво не се одлепат од тавчето, доколку ги превртиш порано ќе ти се искршат! Излегуваат околку 3, до 4 палачинки!
  • 1. За топинг: Нашиот мармалад 2 големи лажици или грчки јогурт помешан со мед и 2 дланки испасирани вишни
  • 2. Внимателно распредели си го топингот да ти стигне за сите палачинки! Топинг не смееш да додаваш по желба! Можеш и да ги направиш подебели (американски, за топингот да ти оди одозгора и меѓу палачинките)
  • 3. Доколку не ти се допаѓа блага варијанта. Палачинките се неутрални слободно намачкај ги со било кој намаз од нашите рецепти во количина од 2 големи рамни лажици! Или пак 5 маслинчиња со две рамни лажици урда или една голема полна лажица хумус!

УЖИНКА: Јапонско јаболко

Калории 131 kcal

Инструкции
 

  • 1 јапонско јаболко или било кое друго сезонско овошје

РУЧЕК: ЗЕЛКА МАНЏА/ ВЕГЕ ЗЕЛКА МАНЏА СО ДИМЕНО ТОФУ

Калории 487 kcal

Состојки
  

  • ½ зелка свежа или кисела
  • 1 морков
  • 1 пиперка опционално
  • 1 кромид
  • 2 домати или доматно пире
  • сок од лимон
  • 100 гр мешано мелено месо/150 гр тофу
  • зачини – сол црн бибер, црвен пипер, буковец
  • ловоров лист
  • 350 – 400 мл вода
  • коцка супа зеленчукова опционално

Инструкции
 

  • Исечкај го зеленчукот, па во тенџере на една лажица маслиново масло прво запржи го кромидот, па додај го морковот и пиперката, можеш да му ставиш капак и да го динсташ да омекне и ќе си пушти вода, ќе немаш потреба од повеќе масло. Додај го меленото месо/тофуто да фати малку боја па стави ги зелката и доматот, зачините па промешај едно 3-4 минути и на крај дотури ја водата. Остави да зоврие, а чим зоврие намали ја температурата на ринглата и остави да се крчка едно 20-30 мин, ќе проверуваш кога е готово. Запршка класична никако, а ти сама си ја одреди густината на манџата. Ако го сакаш потечно не давај водата да испари, и обратно.

Notes

ВЕГЕ: Калории: 292kcal | Масти: 8g | Протеини: 20g | Јаглехидрати: 35g

ВЕЧЕРА: ПEСТО ТУНА ВРАП

Калории 425 kcal

Состојки
  

  • 1 интегрална тортиља
  • 1 мала туна
  • 1 лажица песто или некој од намазите во Направи сама
  • црвен кромид
  • 2-3 маслинки

Инструкции
 

  • Ова е една од најбрзите вечери, буквално мачкај виткај јади. Ако не си љубител на песто, тогаш може да замениш со некој од нашите намази.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.