Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 20, 2024

ПОЈАДОК: БАНАНА МИЛКШЕЈК

Калории 506 kcal

Состојки
  

  • 1 банана
  • 250 мл растително млеко
  • 2 урми
  • 2 лажици овес
  • 1 лажиче путер од кикирики
  • Дозерка протеин опционално

Инструкции
 

  • Бананата обично ни е основа на секое смути но никогаш не сме и дале шанса самостојно да не изненади. И банана немој никогаш да фрлаш, штом ти потемни излупи ја, исецкај ја и смрзни си ја во една ќесичка. Не знаеш за кога може да ти се најде, еве на пример за милкшејк. Не мора да е смрзната, само како совет ти давам да не фрлаш храна. Инаку сите состојки стави ги во блендер и уживај во твојот банана милкшејк.

УЖИНА: JАБОЛКО ГРАНОЛА БАРЧЕ

Калории 309 kcal

Состојки
  

  • 1 јаболко
  • 1 лажиче путер од јаткасти
  • 1 голема лажица гранола

Инструкции
 

  • Исецкај го јаболкото на долгнавести парчиња, путерот можеш малку да го растопиш на оган со малку водичка за да добиеш потечна смеса ако е инаку густ, прелиј ги парчињата јаболко и нароси со гранола.

РУЧЕК: ЗИМСКА ШЕФ САЛАТА

Калории 426 kcal

Состојки
  

  • Неколку листови зелена салата
  • 120 гр компир
  • 30 гр сланина / ВЕГЕ замена 50 гр.тофу
  • 1-2 пиперки
  • 1 јајце
  • 3-4 маслинки
  • Млад лук или кромид
  • Наш мајонез или замена грчки јогурт со сенф по едно лажиче, измешано со балсамик

Инструкции
 

  • Компирот и јајцето свари ги, сланината/тофуто потпечи ја , можеш заедно со пиперката исецкана на ленти. Во длабок сад исецкај марула или ајсберг или било која зелена салата, и додај ги и останатите намирници. Ако имаш од нашиот мајонез тогаш употреби како дресинг една лажица, а ако не зачини си по твоја желба.

Notes

ВЕГЕ Калории: 310kcal | Масти: 10g | Протеини: 18g | Јаглехидрати: 36g

ВЕЧЕРА: ЗЕЛЕНИ ПАЛАЧИНКИ

Калории 343 kcal

Состојки
  

  • 2 големи лажици нискомасна урда
  • 3-4 бриќети смрзнат спанаќ или две раце свеж
  • 1 јајце
  • 2 лажици овесно брашно (или овесни смелени)
  • Прстофат сол, многу малку прашок за пециво

Инструкции
 

  • Сугестии за сервирање: 1 лажица ајвар, кисели краставички , 5-6 маслинчиња
  • Спанаќот одмрзни го и исцеди го од вишокот вода. Урдата ја ставаш во чинија, додај го јајцето и спанаќот и измешај со вилушка се заедно. Додај го брашното и мешај темелно додека не стане хомогена смеса без грутки. За побрзо пак, ако сакаш пробај и во блендер. Загреј сува нелеплива тава и пржи/печи ги палачинките (околу 2 лажици тесто по палачинка) од прилика 3 минути се додека дното не порумени малку. Сврти и пржи уште 2 минути.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.