Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

ПОЈАДОК: ПЕНЕРЛИЈА НА НАШ НАЧИН

Калории 394 kcal

Состојки
  

  • 2 црни коцка лепчиња
  • 2 јајца помали или 1 големо
  • 2 лажици урда или парче фета сирење
  • Зачини по вкус наша препорака – оригано, шарена сол
  • Чаша нискомаслен јогурт

Инструкции
 

  • Измешај ги јајцето со урдата или сирењето и на хартија за печење стави ги врз двете лепчиња да се испечат во рерна. Можеш да комбинираш со чаша нискомаслен јогурт или грчки јогурт, или пак со домат и рукола. Доколку немаш време, можеш истите состојки да си ги направиш класичен омлет со урда.

УЖИНА: ГРЧКИ ЈОГУРТ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ

Калории 139 kcal

Состојки
  

  • 100 гр. Грчки јогурт
  • 1 мало лажиче течен засладувач
  • Една рака шумско овошје

Инструкции
 

  • Измешај го засладувачот со грчкиот јогурт или само нароси одозгора. Брза, протеинска и освежителна ужинка.

РУЧЕК: КИНЕСКО ПИЛЕШКО

Калории 507 kcal

Состојки
  

  • 150 гр. Пилешки гради / ВЕГЕ замена – 150 гр тофу или 70 гр сејтан
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • Брокула полна шака
  • За маринада : по 1 лажица соја сос оцет јаболков или балсамик и маслиново масло, 1 мало лажиче мед и малку ѓумбир , може рамно лажиче , измешај ги овие состојки и додај сусамче во смесата.

Инструкции
 

  • Исецкај го пилешкото или тофу/сејтан на коцки , и стави ги во маринадата да отстојат. За тоа време, исецкај ги морковот и пиперката на ленти или сеедно, според тоа колку време имаш на располагање, брокулата искини ја на гранчиња и стави го зеленчукот во тава на малку маслиново масло да омекне. Штом почне да омекнува додај го и пилешкото/тофуто/сејтанот кое претходно убаво го измасира во маринадата, а најдобро би било да го покриеш со капак на тивка температура да се подинста , а така и нема да му избегаат многу од нутритивните вредности на твојот денешен кинески оброк. Комбинирај со зелена салата по желба (марула, зелка, ајсберг)

Notes

ВЕГЕ Калории: 534kcal | Масти: 16g | Протеини: 58g | Јаглехидрати: 39g

ВЕЧЕРА: ЧОРБА со карфиол и просо

Калории 482 kcal

Состојки
  

  • 1 помал морков
  • Карфиол 200-300 грама
  • Сок од пола лимон
  • Магданос
  • 1 јајце
  • Коцка супа растворена во 500 мл вода
  • 3 лажици просо
  • 2 лажици грчки јогурт
  • Зачини по желба морско оревче по желба

Инструкции
 

  • Во тенџере најпрво стави ја да зоврие коцката супа па додај го просото. Нека врие неколку минути па додај го и карфиолот претходно исецкан на парчиња. После 5 минути додај го и исецканиот морков и остави да врие на оган некои 10тина минути односно додека не омекнат и сварат просото, карфиолот и морковот. Тргни го тенџерето од оган, а на страна измати ги јајцето, лимоновиот сок, грчкиот јогурт и морското оревче па додај ги во супата и мешај континуирано додека не се соедини со супата. Додај сол и црн бибер на крај по желба, а и магдонос.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.