Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

ПОЈАДОК: ЧИА БОРОВИНКА ПУДИНГ

Калории 470 kcal

Состојки
  

  • 3 лажици чиа
  • 2 лажици овес
  • 200 мл растително млеко
  • 1 лажиче ванила
  • За џем боровинка: 35-40 боровинки
  • Едно лажиче течен засладувач
  • 1 коцка црно чоколадо

Инструкции
 

  • Измешај ги состојките за пудингот во едно тегличе или во длабок сад. А во едно тавче на средна температура на рингла стави ги боровинките и течниот засладувач, се додека не се распаднат и не стане како џем. Истури го џемот врз чиа пудингот и врз топлиот џем изрендај ја коцката чоколадо за да ти се растопи.

УЖИНА: МОРКОВЧЕ СО ЕДНО МАЛО ЛАЖИЧЕ ХУМУС

Калории 53 kcal

РУЧЕК: ПРОТЕИНСКА ПИЦА

Калории 563 kcal

Состојки
  

  • 200 гр пилешки гради несаламурени
  • 2 лажици овес 20 гр
  • 1 јајце
  • Зачини по желба но препорачувам лук оригано,буковец,црн бибер…)
  • За врз пицата доматен сос малку моцарела , 3-4 маслинки
  • И рукола свежа по желба кога веќе ќе си сервираш

Инструкции
 

  • Вклучи ја рерната на 250 степени, и стави хартија за печење во кружно тавче или во какво ти одговара. Состојките изблендирај ги, ќе стане како тесто. Распореди го на хартијата во која форма сакаш а за да не ти се лепи на лажицата додека го правиш тоа, намокри ја задната страна на лажицата за полесно да формираш. Стави да се пече едно 7 минутки, извади го и врз него стави малку доматен сос, моцарелка и некоја маслинка и врати назад да се растопи моцарелата. Нароси оригано и сусам за целосно да го доловиш ефектот на пица. Заблагодари ми се подоцна 🙂

РУЧЕК (ВЕГE): ПРОТЕИНСКА ПИЦА – ВЕГЕ ЗАМЕНА (2 порции)

Калории 288 kcal

Состојки
  

За тестото:

  • 135 гр. Киноа потопена во 500 мл. вода
  • 125 мл вода посебно
  • ½ лажиче сол
  • ½ лажиче пециво
  • 1 лажица маслиново масло

За топинг: доматен сос, моцарела, свежи печурки, 3-4 маслинчиња, сусам, оригано

Инструкции
 

  • Потопи ја киноата во 500 мл вода од 6-8 часа ( а ако се брзаш или заборави, тогаш потопи ја во ептен врела вода минимум 30 минути ). Исцеди ја потоа киноата од водата, добро исплакни ја и стави ја во блендер измиената киноа со 125 мл вода (пресна вода, не онаа во која беше потопена киноата ) , и стави ги во блендерот кај киноата и останатите состојки за тестото. Загреј ја рерната на 220 степени, а тестото истури го на хартија за печење, и печи по 10-15 мин прво едната страна, па извади сврти ја од другата страна да се пече. Штом е готово тестото, стави доматен сос, и состојки за топингот и врати назад на печење. Доколку пак навистина си во брзање, можеш да си направиш и пица на тортиља, но нема да ги имаш истите вредности да знаеш.

ВЕЧЕРА: ЕНЕРГЕТСКА БОМБА

Калории 252 kcal

Состојки
  

  • 3 лажици киноа можеш да ја свариш во ѓезве
  • ¼ авокадо
  • 2 лажици наут сварен, од конзерва или тегла
  • Краставица
  • Домат
  • Јајце варено по желба

Инструкции
 

  • Во еден длабок сад си ги редиш сите состојки, претходно сварената киноа, наутот па зеленчукот насецкан. Можеш да си направиш дресинг со една лажица маслиново масло, малку јаболков оцет и лажиче хумус или грчки јогурт, а одозгора можеш да си наросиш коријандер.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.