Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 23, 2024

ПОЈАДОК: ПОЈАДОК МЕТАБОЛИЗАМ

Калории 574 kcal

Состојки
  

  • 250 мл нискомаслен јогурт
  • 35-40 гр корнфлекс
  • 2 мали лажички ленено семе
  • 2 големи лажици чиа семе
  • 20 гр. Исецкани непечени бадеми
  • Замрзнато шумско овошје или свежо по желба

Инструкции
 

  • Наједноставно, измешај се во еден длабок сад. Овошјето не ти е задолжително, ако имаш желба стави си. И овој појадок можеш да си го повторуваш во текот на неделата и тогаш кога не ти е на мени, а немаш време да си подготвиш некој друг појадок.

УЖИНА: ДВЕ МАНДАРИНИ

Калории 107 kcal

РУЧЕК: ПАСТА СО РАКЧИЊА

Калории 469 kcal

Состојки
  

  • 150 гр ракчиња
  • 50 гр. Шпагети
  • Лук во прав
  • 2 мали лажички пармезан

Инструкции
 

  • Во тенџере се вари пастата, а во тавче се пржат ракчињата. Откако се готови, шпагетите истури ги во тавчето каде што се пржеа ракчињата и додај им ги пармезанот и лукчето. Ете толку едноставно.

РУЧЕК (ВЕГЕ): ТАХИНИ ТОФУ ПАСТА

Калории 462 kcal

Состојки
  

  • 50 гр. Интегрални шпагети или паста по избор
  • 150 гр тофу
  • 2-3 брикети смрзнат спанаќ или полна рака свеж
  • ½ краставица
  • ½ пиперка опционално
  • Црн сусам или обичен
  • Зачини шарена сол, кари, лук во прав , тако зачин, чили

За дресинг:

  • сок од пола лимета или лимон
  • 1 tablespoon соја сос
  • 1 teaspoon балсамик
  • 1 tablespoon маслиново масло
  • 1 teaspoon таан

Инструкции
 

  • Шпагетите стави да се варат во тенџере на една рингла, а на друга рингла во едно длабоко тавче почни да го пржиш тофуто насечкано на коцки. Пржи додека не добие златна боја, па додај му шарена сол, кари, сусамче, односно оние зачини кои ги преферираш од горе наведените. Откако веќе е при крај тофуто, истури ги кај него веќе сварените шпагети, намали ја ринглата на средна температура и додај ги и состојките за дресингот. Убаво промешај и остави малку да се крчка да се впијат и измешаат сите вкусови. Зеленчукот сервирај си го заедно со оброкот.

ВЕЧЕРА: ГРЕЈПФЕТА

Калории 385 kcal

Состојки
  

  • Мешана зелена салата ајсберг, марула, рукола…
  • Една рака бело грозје ако најдеш без семка уште подобро или краставица, ако не си фан на солено-благо
  • 30 гр фета сирење
  • 15 гр ореви или пекани
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица балсамико
  • Зачини по желба

Инструкции
 

  • Нема некои посебни инструкции околу подготвувањето на оваа сосема едноставна салата. Измиј, исецкај и нареди во чинија. Ете само толку. И јади, се разбира 🙂

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.