Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

јули 27, 2024

ПОЈАДОК: Чоко Локо Палачинки

Калории 484 kcal

Состојки
  

  • 3 јајца
  • 1 зрела банана
  • 1 лажиче какао
  • 1 мало лажиче путер од кикиритки
  • 1 рака замрзнато овошје или јагоди

Инструкции
 

  • Бананата се пасира, се додаваат јајцата и 1 лажиче какао, ако имаш протеин можеш да го измениш рецептот со 2 јајца,1 банана и 1 дозерка протеин, ако не направи го како што е напишано овде. Состојките можеш да ги сматиш со вилушка или па во блендер ако ги правиш со протеин за да нема грутки. Ги ставаш да се пржат во форма на американска палачнка. Кога веќе ќе бидат готови премачкај со 1 мало лажиче путер од кикиритки и замрзнато овошје по желба.

РУЧЕК: Брз и вкусен Пилешки Врап

Калории 426 kcal

Состојки
  

  • 1 Интегрална тортиља
  • 150 гр пилешки стек
  • малку пченка
  • рукола по желба
  • неколку исечкани маслинчиња
  • 1 лажица доматно пире или ситно сечкан патлиџан
  • марула ситно исечкана

Инструкции
 

  • Стекот се сечка на ситни парченца и се пржи на тивко за да биде мек и да се издинста. Ја подгреваш тортињата во тавче, па ја премачкуваш со 1 лажица доматно пире. Претходно нека ти биде спремна исечканаta марула на ситно, па го додаваш стекот, пченката, маслинкиte и руколата на крај. Превкусен ручек за во недела.

ВЕЧЕРА : Крем паста со туна

Калории 639 kcal

Состојки
  

  • 1 туна
  • 50 гр тестенини макарони

За крем сосот:

  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица грчки јогурт
  • 1/2 лимон сокот
  • прстофат сол чили, мелена сол по желба
  • малку грашок
  • црвено кромидче тенко сечкано, по желба
  • 1 мало лажиче сенф
  • малку лукче најситно сечкано
  • 1 лажица маслиново
  • малку ситно сечкан целер по желба

Инструкции
 

  • Макароните се варат и се сервираат во длабока чинија. Во блендер ги ставаш сите потребни состојки за дресинг и го истураш сосот заедно со туната во чинијата со макароните и мешаш, грашокот и кромидот ги додаваш од после да бидат цели парченца. Уживај во оваа прекрасна неделна вечера. На здравје!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.