Материјал 1, Тема 1
Во тек

Добредојде во Армијата

јули 27, 2024

Крени рака ако и ти го имаш кажано ова: “Од 1ви Јануари почнувам!”

Со овој БЕСПЛАТЕН 3 неделен курс нема да имаш избор освен да почнеш.

Добредојде во твојот Фитнес Планер 2024, го креиравме ова за тебе и сите други девојки што сакаат да почнат а не знаат од каде или како?

Низ овие 3 недели ќе го најдеш искуството на Peach Army и ќе можеш да ја почнеш новата година без изговори и со план, еве што имаме на агенда за тебе:

Недела 1( 08 – 04.01 ) : Кои се твоите фитнес цели и како да ги поставиш за да можеш да ги реализираш? Преку твојот персонализиран фитнес план ќе научиш што, како и кога.

Недела 2 ( 15 – 21.01 ) Детокс – се што треба да знаеш за детокс, како да го внесеш во твојата исхрана според твојот животен стил и лични потреби и посебно креирани чорби и супи како дел од детокс рецептите.

Недела 3 ( 22 – 28.01 ) Тренинг – без разлика дали си почетник или вежбаш со години, овој дел ќе те насочи кај да почнеш на што да внимаваш но и како да си направиш фит тест.

Звучи добро нели? Спреми се да ја направиш 2024та твојата најдобра година досега, почни сега и не запирај додека не бидеш задоволна од себеси, и физички но и психички.

Ние сме тука за тебе да те водиме низ ова патување, ти благодариме уште еднаш што си дел од Армијата и што ни ја даде твојата доверба 💗

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.