6 вистини за целулитот

Одстранување на целулитот е една од најчестите фитнес цели за жените. Посебно во летните периоди кога кратките шорцеви или здолништа го истакнуваат уште повеќе.

Прво што е целулит? Целулитот е направен од масно ткиво и вишок течности кој се собрани под кожата. Масните ткива пукаат како балон и притискаат преку слоевите кожа и ова изгледа како кожата да е со бранови и дупки.

Целулитот се појавува на долниот дел од телото и тоа најчесто на нозете, задникот и бутовите. Нечесто се појавува и на рацете и стомакот.

Зашто?

Затоа што овие делови од телото имаат тенденција да задржуваат повеќе масно ткиво и послаба циркулација. На тој начин токсините и вишокот вода во нашето тело не можат да бидат процесирани од нашиот лимфен систем и крвоток.

Подолу имаме технички пресек за тоа како изгледа целулитот под кожата.

Како жена и како некој во фитнес индустријата, секогаш се комуницираат некои информации за целулит од кои, грото невистинити и затоа решив да напишам неколку ВИСТИНИ:

Внимание, овие вистини се сосема обратно од тоа што се чита на антицелулитните креми.

1. (Скоро) сите го имаат

Често на социјалните мрежи гледаме девојки со тонирани слаби нозе, без целулит или било каква несовршеност и ние мислиме дека тоа е нормалниот изглед.

Вистината е дека целулитот е честа појава и дека 90% од сите нас жени го имаме по пубертетот. Вакви вистини нема да најдеме по медиумите – таму се пропагираат совршено тонирани (читај фотошопирани) нозе.

Стигмата околу целулитот прави сите ние што го имаме да се чуствуваме лошо за себеси. Се додека се огледуваме на тоа како изгледаат нереални жени или 1% од жените се потешко ќе биде да ги заборавиме овие, за дел од нас неостварливи очекувања.

Зашто сеуште се срамиме од целулитот во свет со плус сајз модели?

Маркетингот има друг одговор тука: голем дел од популацијата жени има целулит и тоа е ОГРОМЕН пазар за антицелулитни креми, разни направи и апчиња за слабеење кои прави голем профит од овие жени.

Накратко, се менуваат мислењата за тоа како треба да изгледа едно идеално женско тело, и тоа со доста споро темпо. Важно е да запамтиме дека сите го имаме – не сме сами и да си имаме во пракса да се сакаме себеси какви што сме.

2. Мажите скоро и да го немаат (СУПЕР ЕЈ)

Како да фактот што немаат циклус и не се склони кон стрии не беше доволен, мажите скоро и да немаат стрии. Само околу 10% од сите мажи ги имаат.

Зошто?

Ние, како жени имаме повисоко ниво на естроген, хормон на кој нашите масни ткива имаат друга реакција за разлика од тестостеронот.

Како што старееме, естрогенот расне и нашата кожа станува потенка и опуштена, со ова повеќе се познава целулитот.

Како што пишува Др. Лолис: кожата на мажите и е дебела и тешка да се пробие, додека пак на жените е доста лабава и затоа масното ткиво се протнува.

Значи ние сме создадени да имаме целулот благодарејќи на нашите хормони и начинот на кој сме градени. Тоа е.

3. Целулитот не е поврзан со тежината

Точно така, целулитот не е поврзан со нашата тежина. Скоро сите го имаме а не сме сите со прекумерена тежина. Дури и девојките што се слаби имаат целулит.

Прекумерената тежина може повеќе да го истакне целулитот затоа што кожата е оптегната, но немаме никаква гаранција дека целулитот ќе исчезне одкако ќе ослабеме затоа што на тоа влијаат повеќе фактори: хормони, гени како и животен стил. Целулитот не треба да ни биде единствена мотивација за да ослабеме затоа што можеме да се разочараме.

Мора да бидеме реални со очекувањата.

Имаме неколку начини да го намалиме, не губиме надеж.

4. Не постои лек

Колку и да сакаме, не постои лек или магично апче што ќе не спаси од целулитот.

Ако одите на масажи и ветуваат дека ќе исчезне засекогаш: заштедете си ги парите.

Да се поштедиме од разочарување. Дури и некои методи да успеат да го намалат, секундата штом ќе престанете да ги правите (масажи, машини за слабеење) целулитот ќе се врати. Не сте ја спречиле појавата сте го намалиле изгледот.

Има начини како да се намали и одржи целулитот на минимален.

5. Вежбањето го намалува целулитот

Вежбањето го намалува целулитот и ова е докажано како вистинито.

Две причини имаме:

Како што градиме повеќе мускули со вежбање, сите делови со масно ткиво се намалуваат за да се направи место за мускулот и се помалку видливи.

Вежбањето во вода е еден тип на лимфна дранажа, процес кој помага кожата да изгледа помазна.

Со редовна рутина нашето тело ќе се оформи и тонира и со тоа ќе го намалиме целулитот. За да го одржиме намален не смееме да престанеме со вежбање.

Мораме да го направиме дел од нашата рутина.

6. Животниот стил и целулитот

Ако сакаме да го намалиме целулитот мораме и да ги воведеме следниве промени:

  • да ги откажеме цигарите!
  • да не носиме тесни фармерки/панталони и тесна долна облека
  • да пиеме повеќе вода
  • да избегнуваме пресолени или преблаги оброци
  • да не седиме цел ден, да внесеме повеќе паузи и да се движиме

Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: мини PDF книга за целулит!

Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.